Mат Киатипис и Јанг Дади ги споија кошарката и музиката во „Pick N’ Roll“

Американскиот кошаркар и интернет сензација, Мат Киатипис – „МК“, неодамна ја посети Македонија, а престојот во земјава го претвори и во музичка приказна.

Во соработка со еден од најактуелните македонски урбани артисти, Young Dadi, MK ја објави песната „Pick N’ Roll“.

Песната е продуцирана од Андреј Ник, а интересен детаљ е што спотот бил снимен уште првиот ден кога MK пристигна во Скопје. По престојот во главниот град, Киатипис продолжи во Куманово и Охрид.

Инаку, Мат има македонско потекло, па токму затоа посетата на нашата земја имаше посебно емотивно значење за кошаркарот.

Во музичката приказна му се приклучува Young Dadi, едно од препознатливите имиња на новата македонска урбана сцена. Со хитови и голема публика, Дади во последните години се наметна како артист кој успешно го носи современиот македонски звук, а „Pick N’ Roll“ е уште една потврда за неговата актуелност.

Самото име на песната е совршен спој на нивните светови – кошарката на MK и музиката на Дади. Така, една посета на Македонија прерасна во интернационална соработка која ги поврза спортот, музиката и македонската урбана сцена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс