Петто Издание на манифестацијата CRUISE CULT – The Art of the motorcycle

Станува збор за меѓународна изложба на чопери и сustom моторцикли со повеќе од 90 изложени мотори од Англија, Холандија, Германија, Белгија и Македонија

Во сабота, 27.06.2026 година во Парк на Франкофонијата – Мобилна / Монтажна галерија, од 12 до 18 часот ќе се одржи Петтото издание на манифестација CRUISE CULT – The Art of the motorcycle 2026.

Станува збор за меѓународна изложба на чопери и сustom моторцикли со повеќе од 90 изложени мотори од Англија, Холандија, Германија, Белгија и Македонија.

„Манифестација која ги спојува уметноста и мото-културата. Преку изложените примероци на мотори на широката публика сакаме да и ја претставиме уметноста искажана преку мотоциклите и нивната индивидуална нота вметната од самите сопственици“ велат организаторите на настанот.

Програма:

12,00 ч. – 18,00 ч. Изложба на најдобри примероци на мотоцикли (chopper, customized, cruiser, bobber, trucker, café racer, rat bike, rare, classic.)  во секоја класа по неколку карактеристични примероци.

– Перформанси:  Airbrush and pinstripe  – изработка на уметнички дела односно цртежи на самите мотоцикли со помош на воздушен пиштол и посебни четки.

– Музички дел: Настапи на блуз и рок бендови: In The Mood & Band, Eruption и Saigon.

– Доделување на награди (вредносни ваучери од спонзори) за најдобри примероци на мотоцикли во различни класи.

Настанот е финансики поддржан од: Министерство за култура и туризам на РСМ и Општина Центар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс