Свежите салати, овошјето и голем дел од зеленчукот се одличен избор за консумирање во сурова форма, доколку се добро измиени и правилно складирани. Но, постојат намирници кои никогаш не треба да се јадат без претходна термичка обработка, бидејќи можат да содржат опасни бактерии или природни токсини што претставуваат сериозен ризик за здравјето.
Според професорот Доналд В. Шафнер од Универзитетот „Ратгерс“, суровото тесто за колачи е една од најризичните намирници. Освен суровите јајца, кои можат да содржат салмонела, опасност претставува и суровото брашно, во кое може да има бактерии како E. coli и салмонела. Затоа не се препорачува дегустирање тесто пред печење.
Непастеризираното млеко исто така претставува здравствен ризик. Бидејќи не поминува низ процес на пастеризација, може да содржи опасни микроорганизми како Listeria, Campylobacter, Salmonella и E. coli. Најголем ризик постои кај децата, трудниците, постарите лица и луѓето со ослабен имунитет.
Меѓу намирниците што задолжително треба да се готват се и живината, меленото месо и црвениот грав. Суровата пилешка и мисиркина месо често содржат салмонела, додека кај меленото месо бактериите можат да бидат распоредени низ целата маса. Црвениот грав, пак, содржи природен токсин – фитохемаглутинин – кој може да предизвика труење ако не е доволно сварен.
Експертите советуваат секогаш да се почитуваат препорачаните температури за подготовка на храната и да не се потценуваат ризиците од консумирање сурови производи. Правилната термичка обработка е најдобрата заштита од труење со храна и сериозни инфекции.