Пет македонски архитектонски решенија се наградени на BIG SEE АWARDS за 2024 година во неколку категории. Инаку BIG SEE e со седиште во Љубљана и нејзин таргет се земјите на Југоисточна Европа. Годинава BIG SEE делуваше во вкупно 21 држава, меѓу кои и во Италија и Австрија.
Секоја година, во различни категории на креативност, BIG SEE има за цел да ги истакне најдобрите решенија, да ги награди и да ги презентира на пошироката јавност. Преку тоа BIG SEE се обидува да стане мост и да ги поврзе бизнисите да работат заедно и да постигнат повисоки вредности во полињата на интерес.
Оваа година настанот се одржа на 15 и 16 ти мај, во индустрискиот дел на Љубљана. Во одлично адаптираната хала, организирани беа 4 сцени за презентација на победничките проекти и доделувањето на наградите. Покрај овој дел од програмата имаше и конференции, дебати на различни теми и изложби.