Персеидите се метеорски дожд во кој може да видите и до 100 метеори на час без посебна опрема

Фото: mLu.fotos from Germany, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Персеидите се еден од најпознатите и најбогатите редовни метеорски дождови кои се појавуваат секоја година во текот на август. Тие се остатоци од кометата Свит-тутл.

Секоја година, Земјата поминува низ облак од вселенски остатоци кои кометата ги оставила зад себе, а ситни парчиња од прашина и мраз влегуваат во земјината атмосфера со брзина и до 60 километри во секунда. Кога ќе влезат во атмосферата, тие брзо согоруваат поради што го осветлуваат ноќното небо.

Пикот на Персеидите обично се случува помеѓу 11 и 13 август, кога бројот на видливи метеори е најголем, а во идеални услови може да се видат и до 100 метеори на час. Овој природен светлосен спектакл е посебно атрактивен бидејќи може да се види од сите краеви на Земјата, а за да забележите најголем број на метеори треба да бидете на место со минимално светлосно загадување.

Особеноста на метеорските дождови лежи во нивната долга историја на набљудување. Овој метеоролошки феномен е забележан во текстови уште од антиката, а кај старите Римјани бил познат како „ноќите на солзите“. Луѓето верувале дека метеорите ги претставуваат солзите на Свети Лоренс што паѓаат на Земјата, поради што често се поврзувале со легендата за неговото мачеништво.

За набљудување на метеорскиот дожд не е потребна никаква посебна опрема. Пронајдете темно место, надвор од градското осветлување, легнете на земјата и гледајте во небото.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни