Технолошката компанија Гугл потпишала таен договор со американскиот Пентагон со кој се овозможува користење на нејзините модели за вештачка интелигенција во доверливи воени и владини операции на САД.
Според информациите, AI системите на Гугл ќе бидат имплементирани во затворени мрежи на американската влада кои се користат за високо чувствителни задачи, вклучувајќи планирање воени операции и поддршка на безбедносни системи.
Договорот предвидува и строги ограничувања, меѓу кои забрана за масовен надзор на граѓаните и целосно автономно оружје без човечка контрола. Пентагон, сепак, добива флексибилност за користење на технологијата во рамки на законските воени и безбедносни операции.