ПЕКОЛ КАЈ ОМИШ: Пожарникарите објавија снимки од огнената стихија што проголта 900 хектари

Драматични снимки од срцето на пожарот кај Омиш: над 150 пожарникари ги бранеа куќите, а огнот зафати околу 900 хектари. Едно лице загина.

Повеќе од 150 пожарникари со часови се бореа со огнената стихија што го зафати подрачјето од Локва Рогозница до Омиш и околните населени места. Сега се објавени драматични снимки директно од срцето на пожарот.

Доброволната противпожарна служба од Трогир објави видео на кое се гледаат пожарникарите како се борат со пламените јазици во непосредна близина на куќи и други објекти.

На најтешките делови од пожарот, пожарникарите се приближувале до загрозените објекти и се обидувале да го спречат огнот да стигне до домовите. Силниот ветер дополнително ја отежнувал интервенцијата и придонесувал пожарот повторно да се разгорува.

Членовите на ДВД Трогир, заедно со голем број пожарникари од други служби, вложиле огромни напори за спасување на луѓе и имот.

Последиците се тешки. Пожарот зафатил околу 900 хектари, едно лице го загуби животот, а седум се во животна опасност. Бројни објекти се оштетени или уништени, а десетици лица се повредени. За само неколку часа пожарот прерасна во една од најсериозните пожарни катастрофи во областа Омиш.

е-Трн да боцка во твојот инбокс