Трамп најави дека ќе соработува со Демократите

„Ќе имам моќно вето и, ако мислам дека е исправно, едноставно ќе го искористиме“, рече претседателот Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да соработува со демократите по нивната изборна победа, но во исто време рече дека нема да се двоуми да го искористи своето право на вето. Во телефонски разговор во живо со новинарката на „Политико“, Даша Бернс, Трамп не ја доведе во прашање легитимноста на резултатите од изборите.

„Ќе соработуваме со демократите“, рече Трамп. Тој рече дека ќе ги разгледа сите предлози што се добри и соодветни за земјата.

„Ќе разгледаме дали се потребни дополнителни напади врз Иран“

Кога го прашале како демократската контрола врз Конгресот ќе влијае на неговиот претседателски мандат, тој одговорил: „Ќе ви кажам тоа за една година“.

Трамп нагласи дека има „моќно“ право на вето и дека може да го искористи. „Ќе имам моќно вето и, ако мислам дека е исправно, едноставно ќе го искористиме“, рече тој.

Зборувајќи за можноста за нови американски напади врз Иран, претседателот рече дека неговата администрација ќе ја разгледа ситуацијата и ќе одлучи дали се потребни дополнителни напади. „Ќе го разгледаме тоа“, рече тој кратко.

Трамп се осврна и на иднината на претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, кој се соочува со прашањето за продолжување на неговото лидерство над републиканците во тој дом на Конгресот. Иако ја пофали досегашната работа на Џонсон, не сакаше да му даде експлицитна поддршка за останување на чело на републиканците.

„Мислам дека тој заврши многу добра работа“, рече Трамп кога беше прашан дали Џонсон треба да продолжи да ги води републиканците во Претставничкиот дом.


Кога новинарот повторно му го постави истото прашање, Трамп одговори: „Мислам дека добро си ја заврши работата, но тие ќе мора да ја донесат таа одлука“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс