Фудбалската репрезентација на Парагвај е на чекор до големо изненадување на Светското првенство, откако по првото полувреме и понатаму има предност од 1:0 против Турција во натпреварот од второто коло во групата Д.
Иако Турција важеше за фаворит пред почетокот на средбата во Санта Клара, Парагвај успеа да го изненади противникот и да го задржи водството и покрај силниот притисок во продолжението.
Во второто полувреме турската селекција тргна офанзивно кон голот на ривалот, особено по исклучувањето на еден играч на Парагвај. Избраниците на турскиот селектор постојано се закануваат, но реализацијата засега останува нивен најголем проблем.
Најдобри шанси имаа Дениз Ѓул и Кенан Јилдиз, чии обиди не завршија во мрежата. Опасен беше и Мерих Демирал, кој со силен удар од далечина го тестираше голманот Хил, но парагвајскиот чувар на мрежата повторно беше на висина на задачата.
Од другата страна, Парагвај можеше и да го удвои водството. Енсисо во 60. минута изведе одличен соло-продор и се најде во идеална позиција, но неговиот удар заврши покрај стативата.
Со повеќе од половина час игра до крајот, Турција продолжува со целосна офанзива во обид да избегне нов кикс на Мундијалот, додека Парагвај се обидува да ја сочува минималната предност што би можела значително да ја промени ситуацијата во групата Д.
Доколку резултатот остане непроменет, Парагвај ќе направи голем чекор кон осминафиналето, а Турција ќе се најде под сериозен притисок пред последното коло од групната фаза.