Иако во повеќето домаќинства главната вина за високите сметки за струја им се припишува на фрижидерот, машината за перење алишта или сушилницата, најновите податоци покажуваат поинаква слика. Истражувањето спроведено од страна на шведската Агенција за енергетика открива дека најголем потрошувач на електрична енергија во домот е всушност индукциската плоча за готвење.
Според добиените резултати, индукциската плоча во текот на една година може да потроши и до трипати повеќе електрична енергија во споредба со фрижидерот или машината за алишта. Главната причина за ваквата висока потрошувашка лежи во нејзината голема моќност, која најчесто се движи помеѓу 1000 и 3000 вати. Поради ова, дури и секојдневното користење во кратки временски интервали може значително да ја зголеми вкупната потрошувачка на струја во домаќинството.
Податоците од истражувањето покажуваат дека користењето на индукциската плоча од приближно еден час дневно резултира со годишна потрошувачка од околу 1200 киловат-часови. Во услови кога цените на електричната енергија се на значително повисоко ниво, ваквиот интензитет на користење директно се одразува врз месечните сметки на граѓаните.
Експертите од шведската Агенција за енергетика препорачуваат порационално и посвесно користење на плочата за готвење, како и избор на поенергетски ефикасни решенија каде што е можно. Со соодветно планирање на подготовката на храната, граѓаните можат значително да ја намалат потрошувачката на електрична енергија и да го ублажат финансискиот импакт врз домашниот буџет