26-годишната Египќанка, Нада Хафез се натпреваруваше во мечување на Летните олимписки игри во Париз, каде што освои злато победувајќи ја Американката Елизабет Тартаковски, по што откри дека е во седмиот месец од бременоста.
„Ви се чинеше дека на платформата имаше две учеснички, но бевме три. Да, тоа бевме јас и мојата противничка, но и моето бебе, кое допрва треба да дојде на овој свет“ објави таа на социјалните мрежи, додавајќи дека е навистина горда за успехот.
Таа исто така напиша дека нејзиното бебе и таа имале многу предизвици и физички и емоционални и додаде дека бременоста е тешка сама по себе.
Хафез исто така вели дека без поддршка од нејзиниот сопруг и семејство не би можела да успее.