Здравствените власти во Уганда потврдија прв случај на зараза со вирусот Марбург, една од најсмртоносните хеморагични трески во светот. Станува збор за едно и пол годишно дете кое починало од последиците на инфекцијата.
Случајот е откриен за време на истрага поврзана со сомнежи за епидемија на ебола во регионот, соопшти Африканскиот центар за контрола и превенција на болести. Заразеното дете е регистрирано во округот Кјегева во западна Уганда, а здравствените власти наведуваат дека засега нема активни случаи на болеста, ниту нови лица со симптоми поврзани со вирусот.
Од институциите е соопштено дека сите контакти на заразеното лице се под медицински надзор и дека досега не е забележано понатамошно ширење. Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека е информирана за случајот и дека е подготвена да помогне со проценка на ризикот и мерки за спречување на евентуална епидемија.
Вирусот Марбург се пренесува од животни на луѓе и припаѓа на групата на хеморагични трески, кои се познати по високата стапка на смртност и брзото ширење во услови на епидемии.