Олимписките игри во Париз ќе бидат првите на кои церемонијата за отворање нема да е во стадион

Фото: cloudzilla, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Олимписките игри во Париз ќе ја редефинираат церемонијата за отворање, бидејќи ова ќе бидат првите Олимписки игри на кои оваа церемонија ќе биде надвор од стадион, трансформирајќи ја француската престолнина во голем театар.

Амбициозната церемонија ќе ја има традиционалната парада на спортистите на бродови по Сена, поминувајќи покрај најпознатите места во Париз.

Гостите и гледачите ќе уживаат во разнобојна парада по по водата, покажувајќи ја богатата историја и прекрасна архитектура на градот. Сена, главната водна артерија на градот, ќе ги замени традиционалните атлетски патеки, со тоа што кејот ќе стане трибина.

Иновативниот концепт ќе ја направи оваа церемнонија најголема во историјата во поглед на публика и географска покриеност. Речиси 100 бродови ќе ги превезуваат 10,500 спортисти кои ќе пловат по сена. Нациите со поголем број на спортисти ќе имаат свои бродови, додека тие со помалку спортисти ќе делат бродови. Опремата за снимање ќе биде поставена на на сплавови, за гледачите да може да ги видат одблиску.

Флотата ќе пристигна спроти Трокадеро, покрај Ајфеловата кула, каде што ќе почне официјалниот протокол.

Според Тони Естангет, главен на организацискиот комитет, целиот град ќе биде претворен во Олимписки стадион.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни