TIMES SQUARE во Њујорк е место каде што можете да видите навистина сè – од необични луѓе до чудни уметнички инсталации, а една таква неодамна и го зафати.
Станува збор за необична, џиновска скулптура на хот-дог долг речиси 20 метри – голем хот-дог во лепиња за хот-дог, со малку сенф одозгора. Но, тоа не е се. Како оваа инсталација сама по себе да не е доволно чудна, секој ден напладне се дига во воздух и од неа летаат конфети.
Станува збор за скулптура која ја создале двајца уметници од Бруклин, Џен Катрон и Пол Аутлау. Во интервју за The Art Newspaper, Катрон ја објасни симболиката на ова уметничко дело.
„Историјата на хот-догот и како се прави, како стигна до каде што е денес, тоа е навистина вистинска американска приказна – од луѓето кои го прават и луѓето што го јадат, до луѓето кои профитираат од него е сето тоа завиткано во ова нешто. Сепак е вкусно, интересно, но и глупаво во исто време“, вели Катрон.
Заедно со скулптурата со хот-дог се одржуваат различни настани, меѓу кои и натпревар во јадење хот-дог, како и натпревар за најубаво куче, а скулптурата на хот-дог ќе биде таму до 13 јуни.