Search

Огромен интерес за тематски стрип конкурс

Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“ од вториот повик отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Целта  на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе без разлика на етничката поделба да користат стрипови како соодветна културна алатка за промовирање на меѓуетнички дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата.

– Право на учество имаа сите ученици од основно и средно образование од државата, без разлика на родот, етничка или друга припадност со цел прикажување на пријателства што ги надминуваат културните и националните граници, нагласувајќи како заедничките вредности можат да ги премостат разликите.

-Tемите на стрипот беа :

А) прикажување на пријателства што ги надминуваат културните и националните граници, нагласувајќи како заедничките вредности можат да ги премостат разликите.

Б) фантастични или научно-фантастични светови каде што се спојуваат ликовите од различно културно потекло, формирајќи сојузи и пријателства кои ги надминуваат измислените културни поделби.

Како дел од проектот беше организиран тематски стрип конкурс за учениците од основните и средни училишта од државата  

Според Томе Трајков –проект  координатор на проектот и Стрип центар на Македонија  масовноста далеку ги надминаа очекувањата со пријавени 263 (двестеа шеесет и три )  стрипови  на ученици од : Скопје, Велес, Брвеница, Јегуновце , Неготино , Тетово, Битола, Кавадарци, Прилеп, Куманово , Кочани (вклучено с .Оризари) , Ресен и Берово/

Но, некој мораше да се издвои,  а како најдобри беа избрани:

Категорија Основци

1. место – тимска работа на учениците од  8  -2 одд. ООУ „„ Гоце Делчев“ “Ресен за стрипот „Магичниот портал“

2. место – Кристина Маркоска с. Брвеница за стрипот „Балкански културен собир“

3. место – Филип Томевски и Стефани Јовановска  од Куманово за стрипот „Вселенска авантура “

Најдобар цртеж Андреа Младенова , Скопје за стрипот „ Мојата пријателка ме вклучува !“„ 

Најдобар колор : Андреа Ѓорѓиева , Неготино за стрипот „Пријателски договор“

Пофалници добиваат :

•   Ана Василевска, Радовиш за стрипот „ Различни сме,но можеме заедно да откриваме нови планети!“

•    Јоана Талеска, Прилеп  за стрипот „Кратка средба на патот“

Категорија -Средношколци

1. Место Елена Апостоловска, Скопје  за стрипот ” Добрината од внатре”

2. Место Вилма Дамњановска, Скопје за стрипот „Пријателства помеѓу различни светови“

3.         Место Теодора Христова  и Михаела Васкоска , Битола за стрипот „Покрај замрзнатата река“

Најдобар колор Нена Капсарова , Гевгелија за стрипот „„ ,,Желба“”

 Пофалница 

• Георги Тодоров-Кочани за стрипот „ ,Together We’re Unbreakable “

• Влера Чиче , Скопје за стрипот „ Заедно со боите“

Најмлад учесник:

• Марко Купенков – Скопје со 5,5 г

Најуспешен ментори 

• Татјана Антевска Маркоска       ООУ „ Александар Здравковски“ Јегуновце Тетово, ООУ  „ Кирил и Методи“ Тетово, ООУ „Шемшево“, ПОУ Жилче,  Јегуновце  Тетово (54 автори)• Маја Крстева           Крстева ООУ „Братство“ Тафталиџе . Скопје. (60 автори)

Најново

Последни колумни