Europe House Struga

Одбележување на денот на Охридското Езеро

Во сабота на 22 јуни, од 21:00 – 01:00, во Паркот на поезијата во Струга, Europe House го славиме Денот на Охридското Езеро со настанот „Гласот на крајбрежјето.“

Еколошкато значење на Охридското Езеро е признаено со неговото прогласување за светско природно наследство на УНЕСКО во 1980 година. Поради сета особеност, природна уникатност и екопотенцијал, во 2014 година, областите на Охридското и Преспанското Езеро се прогласени за Прекуграничен биосферен резерват.

Двете езера претставуваат остатоци од базенот на поранешното Десаретско езеро од кое настануваат по пат на геотектонска депресија. Неговата геолошка старост се проценува на околу 2-3 милиони години, поради што се вбројува во групата на стари, долго-постоечки езера, заедно со Бајкалско, Тагањика, Ховсхол, Тити Кака.

Ваквите езерски екосистеми се сметаат за центри на диверзитет и резервоари на еволуција во кои пред се поради стабилноста на амбиенталната средина, изолираноста на екосистемот и долгото постоење, доаѓа до процеси на рапидна еволуција на одредени групи на организми.

„Нам, во денешно време, ни преостанува да ја подигнеме колективната свеста за значајноста на биодиверзитетот , за што помалку да стоиме на патот на природните процеси. Дел од ендемичната флора и фауна околу Охридското езеро, ќе претставиме преку Визуелно истражување на природата, преку холограмски поставки на ендемични приции цветови низ Паркот на поезијата, а сето тоа ќе биде збогатено со музички перформанс на Диџеј Мирче (Хаусмајстори)“. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс