Македонскиот DJ и продуцент Avensis од 2019 година активно ја гради својата кариера на меѓународната електронска музичка сцена, со повеќе од 60 изданија зад себе на реномирани интернационални лејбели. Неговата музика досега се најде во каталозите на Protocol Recordings, Gemstone Records, Sony Music, Warner Music, 2Dutch, World Up и други издавачки куќи, а во последните две години одржува континуирано темпо од повеќе од 10 изданија годишно.

Продукцијата на Avensis привлекла внимание и кај дел од познатите имиња на светската електронска сцена. Неговата музика добила поддршка од артисти како Diplo, Nicky Romero, Showtek, Fedde Le Grand, Mestiza, MoBlack и DJs From Mars, преку нивни DJ-сетови и радио емисии.
Паралелно со продукцијата, Avensis гради и своја приказна зад DJ-пултот. Досега реализирал две турнеи во Норвешка, а во 2025 година настапувал и низ Шпанија. Меѓу најзначајните моменти од оваа турнеја е настапот во легендарниот Pacha Barcelona.
Неговиот музички пристап се темели на комбинација од енергија, groove и атмосфера, а неговите сетови се движат низ House, Afro House и Indie Dance, жанрови во кои го гради својот препознатлив звук.


Последниот период го продолжува со нови изданија и настапи, а дел од неговата актуелна енергија може да се почувствува и преку најновиот DJ-сет снимен во Casa Mercedes во Пефкохори, Грција.
Од македонската електронска сцена до клубови и фестивалски локации надвор од земјата, Avensis постепено гради име преку континуирана продукција, настапи и соработки со дел од значајните имиња на светската електронска музика.