Од Линколн до Трамп: историја на атентати врз американски претседатели

Од Линколн до Трамп: историја на атентати врз американски претседатели и новиот напад во „Хилтон“

Историјата на Соединетите Американски Држави е обележана со низа атентати и обиди за убиства на претседатели, кои во повеќе наврати го менувале текот на американската политика и довеле до формирање на една од најсилните безбедносни служби во светот. Од убиството на Абрахам Линколн во 19 век, преку атентатот на Џон Ф Кенеди, па сè до бројните неуспешни обиди за напади врз подоцнежни претседатели, политичкото насилство врз шефовите на американската држава останува постојана безбедносна закана.

Во тој континуитет, глобалното внимание го привлече најновиот случај на напад врз Доналд Трамп, кој се случил за време на вечера на Здружението на дописници на Белата куќа во хотелот „Хилтон“ во Вашингтон, кога дошло до пукање и итна евакуација на присутните.

Според полицијата, осомничениот бил вооружен со сајгa (пушкомитралез), пиштол и повеќе ножеви. При обид да помине безбедносен контролен пункт, бил пресретнат од припадници на Тајната служба на САД Service.

Осомничениот е идентификуван како Кол Томас Ален (31), од предградието на Лос Анџелес, Калифорнија. Тој, според наводите, отворил оган за време на настанот, по што бил совладан и уапсен.

Историски напади врз американски претседатели

Абрахам Линколн бил убиен на 14 април 1865 година во Вашингтон, во театарот „Форд“, додека присуствувал на претстава. Напаѓачот Џон Вилкс Бут пукал од непосредна близина во главата на претседателот, кој починал следното утро.

Џејмс Гарфилд бил смртно ранет во 1881 година на железничка станица во Вашингтон, а подоцна починал од инфекција.

Вилјам МекКинли бил убиен во 1901 година во Бафало, Њујорк, за време на јавен настан.

Џон Ф Кенеди бил убиен во 1963 година во Далас, Тексас, додека се возел во претседателска колона.

Неуспешни обиди за атентат

Меѓу неуспешните напади се обидот врз Ендру Џексон во 1835 година во Вашингтон, како и нападот врз Теодор Рузвелт во 1912 година во Милвоки, кога бил ранет, но сепак одржал говор. Френклин Д. Рузвелт бил цел на напад во 1933 година во Мајами, но наместо него бил погоден градоначалникот на Чикаго.

Хари Труман бил цел на напад во 1950 година во Вашингтон, кога обид за упад во неговата резиденција бил спречен. Џералд Форд преживеал два обиди за атентат во 1975 година во Калифорнија, а Роналд Реган бил ранет во 1981 година во Вашингтон, пред хотелот „Хилтон“.

Од Линколн до денес, САД имаат четири успешни атентати врз претседатели и десетици сериозни обиди за напади. И покрај значително зајакнатата безбедност, политичкото насилство останува постојан ризик, а секој нов инцидент, како најновиот во Вашингтон, повторно ја отвора дебатата за безбедноста на највисоките државни функционери.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни