Недела на јапонскиот филм во Битола – филмски проекции и оригами работилница

Во Големата сала на Центарот за култура – Битола ќе бидат прикажани два филма, а ќе се одржи и работилница за оригами

Во рамки на Неделата на јапонскиот филм во Битола, која во соработка со Амбасада на Јапонија, на 11 ноември 2026 година, во Центарот за култура – Битола, ќе се одржат две филмски проекции и оригами работилница, кои на публиката ќе ѝ овозможат поблиску да ја запознае јапонската кинематографија и традиционалната уметност.

ФИЛМСКИ ПРОЕКЦИИ

Во Големата сала на Центарот за култура – Битола ќе бидат прикажани два филма:

  • 15:00 часот – „Деца на морето” (Children of the Sea)
    Визуелно раскошна анимирана авантура за Рука и нејзината средба со две необични момчиња поврзани со морето. Филмот носи приказна за чудата на природата, тајните на океанот и поврзаноста на животот.
  • 20:00 часот – „Чекор” (Step)
    Топла и емотивна приказна за татко кој, по ненадејната загуба на сопругата, сам ја одгледува својата ќерка. Преку секојдневните предизвици, двајцата учат како да продолжат напред, чекор по чекор.

Влезот за двете филмски проекции е бесплатен.

ОРИГАМИ РАБОТИЛНИЦА

Во рамки на програмата, посетителите ќе имаат можност да учествуваат и на оригами работилница со Koyama Sensei, професор по јапонски јазик и лиценциран инструктор за оригами.

Учесниците ќе се запознаат со потеклото, филозофијата и културното значење на оваа традиционална јапонска вештина, а ќе имаат можност и самостојно да создадат оригами креација.


Информации за работилницата:

  • Датум: 11 ноември 2026 година
  • Време: 18:00 – 19:30 часот
  • Локација: Центар за култура – Битола
  • Јазик: англиски
  • Возраст: 16+
  • Учеството е бесплатно, со задолжителна претходна резервација. Бројот на места е ограничен, а пријавувањето се одвива според редоследот на пристигнување на пријавите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс