Од денеска ЈСП Скопје го воведува зимскиот возен ред

Од 1 септември ЈСП Скопје го менува возниот ред и започнува со примена на зимскиот режим на јавниот градски превоз.

Од денеска, 1 септември, ЈСП Скопје го воведува зимскиот возен ред на јавниот градски превоз. Од претпријатието ги повикуваат корисниците навреме да се информираат за возните редови на линиите што ги користат, бидејќи со почетокот на септември се менува режимот на сообраќање на автобусите.

Актуелните возни редови за сите линии се достапни на официјалната интернет-страница на ЈСП Скопје. Од ЈСП им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и соработката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс