Од 2028 година ќе има Оскар и за најдобар каскадер

Академијата за филмски уметности и науки (Оскари) најави воведување на уште една нова категорија: наградата за најдобар каскадер (Достигнување во дизајнот на каскадери), која ќе биде дел од церемонијата од 2028 година и ќе се доделува за филмови прикажани во текот на 2027 година.
oscar statue

Извршниот директор на Академијата Бил Крамер и претседателката Џенет Јанг изјавија:

„Уште од раните денови на кинематографијата, каскадерските изведувачи се составен дел од снимањето филмови. Горди сме што ја препознаваме иновативната работа на овие технички и креативни уметници и им честитаме за посветеноста и напорната работа што ги доведоа до овој историски момент.“

Според официјалното соопштение на Академијата, правилата за подобност и гласање за оваа нова категорија ќе бидат објавени во текот на 2027 година, како дел од правилата за 100-тото доделување на Оскарите. Деталите за начинот на кој ќе биде врачена наградата ќе бидат утврдени од страна на Управниот одбор и извршното раководство на Академијата подоцна.

Ова е втора нова категорија што Академијата ја воведе неодамна – наградата за достигнување во кастингот беше претходно објавена во 2024 година, која ќе го има своето деби на церемонијата во 2026 година и ќе вклучува филмови објавени во 2025 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни