Ова е 12-то издание на натпреварувањето, во кое годинава учествуваат 16 мечки. Победникот ќе биде избран на 29 септември, а гласањето се одвива онлајн.
Минатогодишниот шампион е мечката број 32, позната како Чанк, чија тежина во 2025 година била проценета на околу 544 килограми. Меѓу главните конкуренти годинава е и Гали, потомок на двојната победничка Грејзер.
Мечките се подготвуваат за зимски сон со огромни количини лосос. Најголемите мажјаци до почетокот на хибернацијата можат да надминат 450 килограми, а некои јадат и до 30 риби дневно.
Победникот не се избира со мерење – гледачите гласаат според изгледот, трансформацијата во текот на летото и животната приказна на мечките.