Search

Обновлива енергија: Германија истражува за електрана со фузија

Германија ја препознава потребата од обновлива енергија и започна амбициозен план наречен Fusion 2040 – Истражување на патот до електрана со фузија. Целта на овој план е да се финансира и развие технологијата потребна за изградба на првата национална централа за фузија до 2040 година.

Германија има амбициозни цели кога станува збор за зелената енергија и еколошките предизвици, а бидејќи нуклеарните централи повеќе не се дозволени во земјата, се бараат дополнителни решенија. Енергијата на фузија, која ги имитира процесите што се случуваат во срцето на Сонцето, нуди можност за производство на огромни количини на енергија со спојување на атомски јадра, спротивно на процесот што го користат денешните нуклеарни централи базирани на фисија.

Иницијативата е поддржана со институционално финансирање и има за цел да ги подобри технологиите, компонентите и материјалите неопходни за функционирање на електраната со фузија до почетокот на 2030-тите, за потоа да може да се дизајнира и понатаму да се развива, беше објаснето на World Nuclear News.

Енергијата на фузија е спротивна на фисијата, која е распространета во нуклеарните технологии. Додека фисијата вклучува разделување на тешки атомски јадра, како што е ураниумот, кој произведува опасен радиоактивен отпад, фузијата ги спојува лесните атомски јадра заедно, произведувајќи енергија со минимален радиоактивен отпад и без ризик од нуклеарно топење, што го прави побезбеден.

Германија пред 13 години се обврза на постепено укинување на нуклеарната енергија базирана на фисија. Со оглед на оваа одлука, преминот кон фузија енергија претставува логичен чекор во потрагата по одржливи решенија во енергетиката.

Извор: World Nuclear News

Најново

Последни колумни