Обединетите Арапски Емирати до натамошно ја суспендираа трговијата и финансиските трансакции со Иран поради влошувањето на безбедносната состојба.
Обединетите Арапски Емирати ја прекинаа трговијата, размената и финансиските трансакции со Иран до натамошно известување, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.
Одлуката е донесена поради регионалната ескалација, која според властите во ОАЕ го загрозува регионалниот и меѓународниот мир и безбедност.
Иран, во меѓувреме, ги отфрли обвинувањата дека е одговорен за ракетните напади врз ОАЕ. Иранското Министерство за надворешни работи оцени дека станува збор за неосновани тврдења.
Тензиите на Блискиот Исток дополнително се зголемија по американско-израелските напади врз Иран, по што Техеран возврати со напади врз земји во кои се распоредени американски воени капацитети, меѓу кои и ОАЕ.