Четири нарушувања на грчкиот воздушен простор од турски беспилотни летала и едно прекршување од турски воени авиони Ф-16 биле регистрирани во текот на вчерашниот ден во различни делови на Егејското Море, соопшти Генералштабот на грчката национална одбрана.
Инцидентите биле регистрирани во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејот, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на грчката воена команда, во активностите биле вклучени два авиони Ф-16 во формација, еден авион CN-235 и две беспилотни летала.
Од вкупно четирите нарушувања на воздушниот простор, сите биле предизвикани од беспилотните летала. Грчкиот Генералштаб соопшти и дека две од турските воздушни средства биле вооружени. Сите летала биле идентификувани и пресретнати од грчките вооружени сили, во согласност со меѓународно утврдените правила и процедури.
Најновите инциденти се случуваат во услови на долгогодишни тензии меѓу Грција и Турција околу воздушниот простор и военото присуство во Егејското Море.