Најмалку две лица загинаа, а осум се повредени во новите руски напади врз Украина, соопштија украинските власти. Во областа Суми, на истокот од земјата, руски беспилотни летала погодиле семејна куќа, при што загинале две лица, а едно било повредено. Во Криви Рих, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, седум лица се повредени откако руски проектил погодил густо населена населба.
Во меѓувреме, во Киев денеска е прогласен Ден на жалост поради вчерашниот масовен руски напад врз главниот град, во кој животот го загубија повеќе од 30 лица. Украинските власти продолжуваат да ги проценуваат последиците од нападите и штетите врз цивилната инфраструктура.