Нови правила во ЕУ за лесни комерцијални возил

ЕУ воведува обврска за паметни тахографи во лесни комерцијални возила од 2,5 до 3,5 тони од јули 2026 година со нови правила за транспорт.

Од 1 јули 2026 година во ЕУ  стапуваат на сила нови правила кои се однесуваат на лесни комерцијални возила и комбиња со вкупна дозволена тежина од 2,5 до 3,5 тони. Овие промени се однесуваат на возила кои се користат за меѓународен транспорт или каботажа со надомест.

Според новата регулатива, овие возила ќе мора да бидат опремени со паметни тахографи од втора генерација (G2V2). Уредите ќе имаат задача да ги евидентираат премините на границите, местата на утовар и истовар, како и активностите на возачите за време на возењето.

Од обврската се изземени лесни товарни возила до 3,5 тони кои претежно се користат за превоз на материјали на градилишта или работа во рамки на градилиште, под услов да се движат во радиус до 100 километри. Исто така, исклучок важи и за превоз на рачно изработена стока, како и за возила што се користат за некoмерцијални и домашни активности каде што возењето не е примарна функција на возачот.

Овие измени имаат цел подобра контрола на транспортните активности и зголемување на безбедноста и транспарентноста во патниот сообраќај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни