Возачите во Македонија од утрово плаќаат значително повеќе за полнење на резервоарите. Еуросупер БС-95 чини 91,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 се продава за 93,50 денари, додека цената на еуродизелот достигна 98 денари за литар.
Најголемото поскапување е кај дизелот – 6,5 денари за литар, додека двата вида бензин поскапеа за по 4,5 денари.
Новите цени предизвикаа редици на дел од бензинските пумпи уште синоќа, кога возачите се обидуваа да ги наполнат резервоарите по старите цени пред промената да стапи во сила на полноќ.
За резервоар од 50 литри, поскапувањето значи дека едно целосно полнење со дизел сега чини 325 денари повеќе во споредба со вчерашната цена. Кај бензинот, разликата за 50 литри изнесува 225 денари.
Новите максимални малопродажни цени важат од 00:01 часот на 18 август.