Нови биланс на жртви од земјотресите во Венецуела: загинати 1.719 лица, околу 50.000 исчезнати

. Стотици тела се наоѓаат во импровизирани мртовечници поставени во складишта во пристаништето на истоимениот град, околу 40 километри од Каракас.
epa13070215 People line up to receive donations in La Guaira, Venezuela, 27 June 2026. EPA/Henry Chirinos

Во силните земјотреси што неодамна ја погодија Венецуела, загинале 1.719 лица, изјави претседателот на парламентот Хорхе Родригес, пренесуваат американски медиуми. Тој наведе дека 5.034 лица се повредени, а околу 50.000 се водат како исчезнати.

Според податоци на Обединетите нации, земјотресите создале околу 1,2 милиони тони отпад во северната држава Ла Гваира, која е најтешко погодена област. Стотици тела се наоѓаат во импровизирани мртовечници поставени во складишта во пристаништето на истоимениот град, околу 40 километри од Каракас.

Американската војска, која распореди 130 маринци за помош, соопшти дека пристаништето Ла Гваира повторно е оперативно, што овозможува истовар на хуманитарна помош.

е-Трн да боцка во твојот инбокс