Дебатата за можната нова кандидатура на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно се засили откако заменик-претседателот на пратеничката група на владејачката Партија на правда и развој (АКП), Абдулхамит Ѓул, изјави дека нема уставна или правна пречка Ердоган повторно да се кандидира.
Ѓул ова го изјави на средба со новинари во Сакарја, во рамките на партиската иницијатива „Средби на Векот на Турција“. Тој порача дека очекува парламентот да донесе одлука со која би се овозможила нова кандидатура на Ердоган.
Што предвидува уставот?
Турскиот устав го ограничува претседателот на два петгодишни мандати. Сепак, членот 116 предвидува исклучок: доколку парламентот во текот на вториот мандат на претседателот распише предвремени претседателски и парламентарни избори, актуелниот претседател може повторно да се кандидира. За таква одлука се потребни најмалку 360 гласа од вкупно 600 пратеници.
Тоа значи дека евентуалната нова кандидатура на Ердоган не зависи само од неговата или одлуката на неговата партија, туку и од исходот на парламентарното гласање за предвремени избори. АКП и нејзиниот главен сојузник, Партијата на националистичкото движење (МХП), според актуелниот распоред на силите немаат доволно пратеници за самостојно да го достигнат прагот од 360 гласа и би им била потребна поддршка од други партии.
Ѓул: Парламентот ќе ја исполни очекуваната одлука
Абдулхамит Ѓул, сепак, не се осврна само на правната процедура. Тој рече дека во турското општество постои широка поддршка Ердоган да продолжи да ја извршува функцијата и дека очекува тоа да се одрази и во парламентот.Станува збор за политички став на висок функционер на АКП, а не за донесена парламентарна одлука. Ѓул истовремено