Министерството ги повикува сите заинтересирани граѓани да учествуваат во процесот на усвојување на законодавството, со цел да се создаде најдобрата можна верзија што ќе биде проследена во собраниска процедура. Во предлог-законот се вклучени сугестиите на издавачките куќи во Македонија, по конструктивната работна средба помеѓу раководството на МОН и Педагошката служба.
Целта на новиот закон е да обезбеди создавање на учебници со повисок квалитет на содржината, да го намали ризикот од појава на грешки, како и да ја поедностави постапката за набавка, со што учебниците ќе бидат навремено испорачани во училиштата.