Нов круг преговори меѓу Израел и Либан во Вашингтон: САД бараат разоружување на Хезболах

Во Вашингтон од 23 до 25 јуни ќе се одржи нов круг преговори меѓу Израел и Либан. САД повикуваат на разоружување на Хезболах и воспоставување целосна сувереност на Либан.

Следниот круг преговори меѓу Израел и Либан ќе се одржи од 23 до 25 јуни во Вашингтон, соопшти американскиот Стејт департмент по телефонски разговор меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и либанскиот претседател Џозеф Аун. Во фокусот на разговорите останува барањето на САД за целосно разоружување на Хезболах. Американската страна ја потврди поддршката за напорите на либанската влада да воспостави целосна контрола врз целата територија на земјата и да создаде суверена држава која ќе биде во мир со сите свои соседи.

Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, изјави дека Вашингтон продолжува да ја поддржува целта за стабилен и суверен Либан.

Либанскиот претседател Џозеф Аун, од своја страна, во телефонскиот разговор нагласил дека сеопфатниот прекин на огнот е клучна основа за понатамошен напредок во директните преговори со Израел. Тој му се заблагодарил на американскиот државен секретар Марко Рубио за поддршката на Соединетите Американски Држави за Либан, пред продолжувањето на разговорите што ќе се одржат во понеделник во Вашингтон, се наведува во соопштението на либанското претседателство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс