Norwegian Football Federation побара од Етичкиот комитет на FIFA да отвори истрага за доделувањето на Наградата за мир на американскиот претседател Доналд Трамп. Наградата му ја врачи претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за време на жрепката за Светското првенство на 6 декември, кога Трамп стана првиот добитник на ова признание.
Контроверзиите произлегуваат од фактот што ФИФА никогаш јавно не објасни според кои критериуми Трамп бил избран за прв добитник на наградата. Неколку месеци подоцна, организацијата за човекови права FairSquare поднесе жалба до Етичкиот комитет на ФИФА, тврдејќи дека Инфантино ја прекршил обврската за политичка неутралност преку јавно поддржување на американскиот претседател.
🇳🇴 Норвежаните бараат одговорност
Сега и Норвешкиот фудбалски сојуз официјално се приклучи на барањата за проверка на случајот. Претседателката на сојузот, изјави дека организацијата самостојно испратила писмо до Етичкиот комитет на ФИФА.
„Добивме поддршка од други федерации, но ова барање го поднесуваме самостојно“, изјавиЛиса Клавенес.
Според неа, целта е да се утврди дали Инфантино ги прекршил статутите на ФИФА кои се однесуваат на политичката неутралност, начинот на доделување на наградата и поврзаните активности околу неа.
Случајот повторно ја отвора дебатата за границите меѓу спортот и политиката, особено кога станува збор за организација како ФИФА, која во своите правила нагласува дека мора да остане политички неутрална. Доколку Етичкиот комитет оцени дека има основа за постапка, случајот би можел да предизвика дополнителен притисок врз раководството на светската фудбалска организација.