Нивото на Охридското Езеро 11 сантиметри над августовскиот просек

Нивото на Охридското Езеро изнесува 693,57 метри, што е 11 сантиметри над августовскиот просек. Температурата на водата достигна 26 степени.

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска изнесува 693,57 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Според мерењата, езерото е 11 сантиметри над просечното ниво за август, кое изнесува 693,46 метри надморска височина. Во однос на дозволениот минимум од 693,10 метри, нивото на водата е повисоко за 47 сантиметри.

Повисока од вообичаената е и температурата на езерската вода. Утринава во 7:30 часот биле измерени 26 степени Целзиусови, што е за 2,5 степени над августовскиот просек од 23,5 степени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс