“Ниту една повеќе“ им забрани на политичарите и партиските членови да доаѓаат на нивните протести

Од граѓанската иницијатива порача дека нема да дозволи феминистичкиот отпор да се претвори во квазипартиски декор и ги повика сите незадоволни граѓани да излезат на улица.

Граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“ во пресрет на најавените протести испрати директна порака до политичките елити дека не се добредојдени на нивните собири, а истовремено упати повик за мобилизација до сите незадоволни граѓани да се приклучат.

„‚Ниту една повеќе‘ им забранува на сите партиски членови, сегашни и поранешни министри и премиери, партиски хиени, политички мршојадци, институционални паразити, бескичмени бирократи и лицемерни профитери да доаѓаат на протестите и да го претвораат феминистичкиот отпор во квазипартиски декор за сопствената политичка беда“, се наведува во нивната објава.

Дополнително, иницијативата упати отворен повик до, како што велат, сите изневерени, обесправени и згрозени од системската негрижа да им се приклучат на улица.


„Ги повикуваме сите гладни за правда, жедни за слобода, непокорни, солидарни и будни граѓани и граѓанки да излеземе на улица и да им покажеме дека ние сме слободата“, стои во објавата на „Ниту една повеќе“, која завршува со пораките „Смрт на фашизмот, слобода на народот!“ и „Ниту една повеќе!“, додаваат од иницијативата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс