Николина Андова Шопова е добитничка на наградата ,,Браќа Миладиновци” објави жирито на Струшките вечери на поезијата.
Николина е македонска писателка и поетеса од Скопје. Авторка е на три поетски книги: Влезот е од другата страна(2013), Поврзи ги точкит (2014) е и Во куќата (2026).
Нејзината дебитантска поетска книга Влезот е од другата страна, објавена од издавачката куќа „Темплум“, ја доби престижната награда „Мостови на Струга“, што ја доделуваат УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата за најдобра дебитантска поетска книга од млад македонскиавтор.
Во 2018 година го објави својот прв роман, Некој бил тука, за кој ја доби наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „СлавкоЈаневски“ за унапредување и промоција на културните вредности. Романот е преведен на српски и на англиски јазик. Нејзиниот втор роман,Естом, е објавен во 2022 година од издавачката куќа „Или-Или“. Андова Шопова е и авторка на книги за деца.
Нејзини дела се КртотЅвездан (2020) и Најмалиот џин Џуџо и најголемото џуџе Џино (2024). За втората книга во 2025 година ја доби Првата награда за најдобра книга задеца меѓу два саеми на книгата, што ја доделува Македонската асоцијација на издавачи.
Создавајќи во областа на поезијата, прозата и литературата за деца, Николина Андова Шопова се вбројува меѓу најпрепознатливите инајавтентични гласови на современата македонска книжевност. Учествувала на бројни европски поетски фестивали, а нејзината поезија епреведена на повеќе јазици и застапена во повеќе домашни и меѓународни поетски антологии.