Незаборавен концерт на Лени Кравиц во Охрид

Синоќа, на 4 август, на стадионот Билјанини Извори во Охрид, се одржа спектакуларен концерт на легендарниот рокер Лени Кравиц. На негово барање, тој повторно се врати во Македонија, по првите два настапи во Охрид во 2008 година и во Скопје во 2019 година.

Многубројната публика од Македонија но и пошироко од регионот беше сведок на незаборавна вечер и неверојатно шоу.
Кравиц, со својот моќен глас и харизматичен настап, уште еднаш покажа зошто е една од најголемите рок ѕвезди на сите времиња.

На овој концерт, Кравиц го промовираше својот нов албум Blue Electric Lights, но не ги заборави и песните кои ја одбележаа неговата кариера, како Fly Away, American Woman и TK421.

Врвот на вечерта, особено за оние во првите редови од фан питот, беше моментот кога американскиот музичар се симна меѓу публиката меѓу фановите.

„Бидете благодарни за секој нов ден, бидете благодарни за животот – ширете љубов и позитивна енергија околу вас,“ со овие зборови Лени се обрати на публиката и рече дека со сигурност ќе одржи уште многу концерти овде.

Овој концерт ќе остане долго во сеќавањето на љубителите на рок музиката од Македонија и регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни