Силно невреме го „разбуди“ Охридското Езеро: огромни бранови кај Градиште

Силно невреме го разбранува Охридското Езеро – огромни бранови кај Градиште. Видеа од плажите покажуваат драматични сцени и ретка појава за лето.
Screenshot

Силното невреме проследено со засилен ветер што попладнево го зафати охридскиот регион предизвика ретко видена слика на Охридското Езеро – со високи бранови и силно разбранувана површина.

На социјалните мрежи брзо се шират видеа од плажата кај Градиште, снимени од кампот во овој дел од крајбрежјето, на кои јасно се гледа интензитетот на временските непогоди. Брановите удираат со голема сила, а ветерот создава услови кои повеќе потсетуваат на море отколку на езеро.

Вакви појави се ретки за летниот период, кога езерото обично е мирно, но наглите промени на времето и нестабилната атмосфера денеска донесоа сосема поинаква слика.

Граѓаните кои се наоѓаат во овој регион споделуваат предупредувања за внимателност, особено за оние што се на плажите или во близина на водата, бидејќи условите можат брзо да се влошат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс