Навика за време на јадење може да му наштети на здравјето на цревата

Згрбавеното седење за време на оброкот може да влијае врз варењето, надуеноста и работата на цревата. Еве која положба се препорачува.
Couple having lunch at rustic gourmet restaurant

Начинот на кој седиме за време на оброкот може да влијае врз варењето, надуеноста и функционирањето на цревата.

Здравјето на цревата не зависи само од храната што ја внесуваме, туку и од начинот на кој јадеме. Според хирургот Алваро Кампиљо, положбата на телото за време на оброкот може да влијае врз варењето и движењето на храната низ дигестивниот систем.

Особено проблематично може да биде јадењето во згрбавена положба, особено со прекрстени нозе. Таквото седење создава притисок врз трупот и може да го отежне дишењето и варењето.

Кампиљо посочува дека неправилното држење може да го забави работењето на цревата и да придонесе за поголемо создавање гасови, надуеност, рефлукс, горушица и запек. Воедно, може да влијае и врз рамнотежата на цревниот микробиом.

Затоа, за време на оброкот се препорачува да седите исправено, со опуштени раменици и двете стапала на подот. Ваквата положба го олеснува дишењето и може да придонесе за поудобно варење.

Според лекарот, одредени истражувања покажуваат дека исправеното седење може значително да го намали задржувањето на гасовите во споредба со згрбавената положба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс