Воздухот убива милиони, но Лондон и Софија покажуваат дека загадувањето не е неизбежно

Загадениот воздух во 2023 година бил поврзан со речиси осум милиони смртни случаи во светот. Според глобалната иницијатива „Брит Кaјтс“ (Breathe Cities), здравствените трошоци од загадувањето годишно достигнуваат околу 7,12 трилиони евра – приближно шест отсто од глобалниот БДП.

И покрај огромните бројки, загадувањето за многу луѓе и понатаму е невидлива опасност.

„Загадувањето за повеќето луѓе и понатаму е невидливо“, вели за „Еуроњуз“ д-р Марија Нејра, поранешна директорка за животна средина, климатски промени и здравје во Светската здравствена организација.

Според неа, честичките од загадувачите можат да стигнат до различни органи во телото, вклучително и мозокот, а изложеноста се поврзува со когнитивно опаѓање и невродегенеративни заболувања како Паркинсонова и Алцхајмерова болест, како и деменција.

Последиците од загадениот воздух не се само статистика. Олимписката атлетичарка Пола Редклиф раскажува дека уште на 14 години ѝ била дијагностицирана астма предизвикана од физички напор. За време на трчањето во загадениот Пекинг, чувствувала главоболки и мачнина, а видот ѝ се заматувал.

Таа предупредува и дека загадувањето може да влијае врз развојот на мозокот кај децата и врз нивниот успех на училиште.

Лондон: кога ограничувањето на сообраќајот носи резултати

Иницијативата „Брит Кaјтс“ во моментов соработува со 16 градови низ светот, со цел да го подобри пристапот до податоците за квалитетот на воздухот и да поддржи политики за негово подобрување.Лондон е еден од примерите.

По воведувањето на зоната со ултраниски емисии (ULEZ) и други мерки, бројот на смртни случаи поврзани со токсичното загадување на воздухот во градот е намален за околу 40 отсто, покажува независно истражување на Империјал колеџ Лондон. Мерките се насочени кон намалување на загадувањето од сообраќајот, особено во густо населените урбани подрачја.

Софија: сообраќајот и греењето остануваат проблем

Софија, пак, се соочува со комбинација која им е добро позната и на многу балкански градови: сообраќај и греење на дрва.

„Проценките покажаа дека до 2023 година бевме меѓу градовите со најмногу смртни случаи предизвикани од загадувањето на воздухот“, вели д-р Костадин Костадинов од Медицинскиот универзитет во Пловдив.

По колективна тужба поднесена од жители и еколошки организации, Софија воведе зона со ниски емисии. Мерката го ограничува сообраќајот на најзагадувачките возила и поттикнува модернизација на системите за греење во домаќинствата. Според советникот за квалитет на воздухот во Општина Софија, Ивајло Хлебаров, веќе постојат докази дека мерката придонесува за намалување на загадувањето.

Но, постои и сериозно ограничување: зоната е активна само три месеци во годината. „Тоа е политичка одлука“, вели Хлебаров, посочувајќи дека загадувањето со азот диоксид од сообраќајот нема големи сезонски варијации и дека мерката би имала поголема логика доколку важи во текот на целата година.

Следната битка нема да биде технолошка

Бугарија има меѓу највисоките стапки на кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и рак во Европа. Експертите ги поврзуваат овие состојби и со изложеноста на загаден воздух, иако локалните истражувања за директната поврзаност сè уште се ограничени.

За Нејра, главната пречка во борбата против загадувањет

е-Трн да боцка во твојот инбокс