На Табановце се чека до 15 минути за глоби од „Сејф сити“: Отворени се осум пункта за наплата

Полицијата постави осум шалтери на граничниот премин за странски возачи со регистрирани сообраќајни прекршоци.

На граничниот премин Табановце во моментов функционираат осум наплатни пункта наменети за странски возачи кај кои системот „Сејф сити“ евидентирал сообраќаен прекршок. Според првичните информации од терен, постапката за проверка и наплата на изречените глоби трае до 15 минути, по што возачите можат да го продолжат патувањето надвор од државата.

На граничниот премин Табановце се активирани осум пункта каде се врши проверка и наплата на сообраќајните казни регистрирани преку контролниот систем „Сејф сити“. Мерката се однесува на возила со странски регистарски таблички и возачи кои направиле прекршок на патиштата низ земјава.

Процедурата на граничниот пункт опфаќа проверка на регистарските ознаки преку базата на податоци на МВР. Доколку за возилото постои евидентирана неплатена глоба, возачот се упатува на еден од отворените шалтери за регулирање на обврската пред да добие дозвола да ја напушти државата.

Процесот на регистрација и плаќање на казната на самите пунктови одзема до 15 минути. Надлежните служби ја воспоставија оваа организација со цел да се спречи создавање поголеми колони и долго чекање на излез од земјата.

Со оваа процедура се овозможува наплатата на сообраќајните глоби од странски државјани да се реализира директно на граничната линија, пред возилата да ја напуштат македонската територија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс