Полицијата информира дека татко од Скопје пријавил оти неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица во парк на подрачјето на Центар.
Малолетно дете било физички нападнато во парк во скопската општина Центар, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот во полиција го пријавил таткото на детето.
Според полицискиот билтен, на 26 април 2026 година, во 12 часот, во СВР Скопје, Г.Х., 47-годишен жител на Скопје, пријавил дека еден ден претходно, на 25 април, неговиот малолетен син бил нападнат од две лица во парк на подрачјето на Центар.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.