Најубави плажи во Европа 2026 – четири хрватски плажи на листата

Новата листа на најубави европски плажи за 2026 година вклучува и четири дестинации од Хрватска. Погледнете кои плажи се на врвот.

Порталот World’s 50 Best Beaches објави нова листа на најубави плажи во Европа за 2026 година, при што меѓу избраните се најдоа и четири плажи од Хрватска. Ова рангирање се базира на реални искуства на оценувачи кои посетиле голем број дестинации ширум светот, со фокус на природното доживување и чувството што го нуди самото место.

Според Forbes Slovenija, критериумите не се ограничени само на популарноста, туку вклучуваат уникатност, зачуваност на природата, чистота на водата и целокупната атмосфера. Посебно внимание се посветува и на тоа колку плажата овозможува мир и автентично искуство далеку од гужви.

На врвот на листата се најдоа плажите Фтери на грчкиот остров Кефалонија и Кала Макарела на шпанскиот остров Менорка, додека италијанската Кала деи Габијани на Сардинија го зазеде третото место. Медитеранските дестинации и оваа година доминираат, благодарение на нивната природна убавина и чистите води.

Хрватска има силно присуство со плажите Пасјача во Конавле, Златни Рат на Брач, Подраче во Брела и Мартиница, кои се издвојуваат по својот уникатен изглед и природна привлечност. Покрај нив, на листата се најдоа и помалку очекувани, но подеднакво импресивни локации како плажите во Ирска, Норвешка и Исланд.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни