Објавена листа на најубави плажи во светот: Грција, Италија и Шпанија доминираат  

Новата листа на најубави плажи во светот за 2026 година ги издвојува Грција, Италија и Шпанија, додека Хрватска остана надвор од топ 50.

Објавена е новата листа на најубави плажи во светот, на која се најдоа дестинации од Грција, Шпанија, Португалија, Италија, Франција и Ирска. Европските плажи повторно се високо рангирани.   

На врвот на листата се најде плажата Енталула на Филипините, позната по својата недопрена природа, тиркизно море и пристап кој е можен само со брод. Оваа ексклузивност ја прави една од најмирните и најчистите плажи во светот.

Меѓу европските дестинации највисоко се пласира грчката плажа Фтери на Кефалонија, која го освои второто место. Веднаш зад неа се истакнуваат шпанската Кала Макарела, италијанската Кала деј Габијани, како и познатата Капуташ плажа во Турција. Во топ изборот се најдоа и грчките Порто Кацики и Порто Тимони, како и плажи од Франција, Португалија и Ирска.

Листата се базира на гласови од повеќе од илјада туристички експерти, кои ги оценуваат плажите според природната убавина, чистотата, мирот, уникатноста на пејзажот и општото искуство за посетителите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни