Телефонот е полн? Ослободете простор без бришење фотографии

Архивирањето на апликациите што ретко ги користите ја намалува зафатеноста на меморијата, а ги задржува нивните податоци.

Кога телефонот ќе предупреди дека нема слободен простор, фотографиите не мора веднаш да завршат во корпата. На „Андроид“ постои можност за архивирање апликации што ретко ги користите, со зачувување на нивните податоци и икони.

Според упатството на „Гугл“, архивирањето го отстранува софтверскиот дел од апликацијата, привремените датотеки и дозволите, а ги запира и известувањата. Податоците остануваат за повторно користење по враќањето на апликацијата.

Како се архивира апликација?

Отворете „Поставки“, потоа „Апликации“, изберете ја апликацијата и притиснете „Архивирај“, доколку опцијата е достапна.

Нејзината икона ќе стане побледа и ќе добие ознака за архивирање. За повторно користење, допрете ја иконата и преземете ја апликацијата.

„Гугл“ напоменува дека дел од овие чекори се достапни само на „Андроид 15“ и понови верзии, како и на уреди со соодветна поддршка.

Што треба да знаете пред архивирањето?

За враќање, апликацијата мора и натаму да биде достапна во продавницата, а на телефонот да има доволно простор за повторна инсталација.


Постои и автоматско архивирање преку поддржаните продавници за апликации. Тоа е корисна можност за апликации што ви требаат повремено, а сакате да ги задржите нивните податоци. Архивирањето, сепак, не значи дека апликацијата останува подготвена за непосредно користење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс