На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје им беа врачени признанија на 24 најуспешни дипломирани студенти за академската 2024/25 година. Признанијата беа доделени во рамки на одбележувањето на 77 години од основањето на Универзитетот.
Покрај признанијата за најдобрите дипломирани студенти, шест студенти ја добија и наградата „26 Јули“, што ја доделува фондацијата „Франц Манинг“.
Ова се најдобрите студенти што дипломирале во изминатата академска година:
Никола Петровски, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство;
Мила Ѓорѓевска, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“;
Јована Цветановска, Медицински факултет;
Огнен Пендаровски, Факултет за електротехника и информациски технологии;
Илија Вељановски, Филозофски факултет;
Марија Симоновска, Факултет за земјоделски науки и храна;
Иван Трајковски, Економски факултет;
Нина Насеска, Филолошки факултет „Блаже Конески“;
Михаил Трајков, Природно-математички факултет;
Јане Коцески, Машински факултет;
Ања Стојадиновска, Факултет за ликовни уметности;
Доротеа Камчевска, Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“;
Мила Саздова, Технолошко-металуршки факултет;
Филип Стоилков, Правен факултет „Јустинијан Први“;
Оља Тошиќ, Факултет за музичка уметност;
Марија Грчева, Факултет за драмски уметности;
Марта Митева, Архитектонски факултет;
Исидора Давитковска, Фармацевтски факултет;
Димитар Петрески, Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“;
Александар Мишовски, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер;
Александра Кадрова, Стоматолошки факултет;
Христијан Смоковски, Факултет за физичко образование, спорт и здравје;
Бојана Чапкуновска, Факултет за ветеринарна медицина;
Верица Ѓорѓиева, Градежен факултет.
Наградата „26 Јули“ ја добија:
Иван Трајковски;
Евгенија Цветановска;
Ангела Трајковска;
Ања Стојадиновска;
Бојана Спасовска;
Јована Нецева.
Признанијата се дел од традиционалното одбележување на успехот на студентите на УКИМ и имаат цел да ги истакнат најуспешните академски резултати, трудот и посветеноста на младите луѓе во високото образование