Вонреден надзор по случајот со 19-годишната родилка која остана неподвижна по царски рез

Инспекторите ќе ги проверуваат околностите поврзани со лекувањето на 19-годишната пациентка и постапувањето на здравствените работници
фото: Порталб.мк

Министерството за здравство издаде налог за вонреден инспекциски надзор по случајот со 19-годишната пациентка која останала парализирана по царски рез извршен во Клиничката болница во Штип.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат треба целосно и објективно да ги утврди околностите поврзани со лекувањето на пациентката.

По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, Министерството ќе иницира и стручен надзор над досегашниот тек на лекувањето, како и над постапувањето на здравствените работници и установи вклучени во случајот.

Од Министерството апелираат да не се изнесуваат предвремени заклучоци додека не завршат надлежните постапки.

извор: МЕТА

е-Трн да боцка во твојот инбокс