Националниот џез оркестар настапува на AirBeat Festival во Корча, Албанија

Националниот џез оркестар на 18 јули оваа година ќе настапи на AirBeat Festival #LULUfest во Корча, Албанија, каде ќе биде дел од главната фестивалска програма во Старата чаршија.

AirBeat Festival обединува уметници од различни земји и култури, создавајќи простор за музичка размена, нови соработки и заеднички креативни проекти.

На главната фестивалска вечер, под диригентската палка на Џијан Емин, Националниот џез оркестар ќе се претстави пред меѓународна публика, носејќи дел од современата македонска џез сцена во атмосфера што ги поврзува музиката, културите и луѓето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс