Денес во над 700 градови и 120 земји во светот, музичарите ќе излезат на улиците, плоштадите и парковите и ќе свират бесплатно. Нема билети, нема сцена ниту хиерархија на жанрови. Тоа е „Фест де ла Мјузик“, Светскиот ден на музиката, роден на 21 јуни 1982 година во Париз од една едноставна, радикална идеја: музиката да биде насекаде.
Сè почнало во 1982 година, Министерството за култура на Франција спровело голема анкета за културните навики на Французите. Резултатот бил изненадувачки: 5 милиони луѓе или секое второ младо лице, свирело инструмент, а речиси ниту еден не свирел јавно. Жак Ланг, тогашниот министер за култура во владата на Франсоа Митеран и Морис Флере, директорот на музиката и танцот во Министерството, ја виделе таа празнина. Ако толку луѓе свират, зошто никој не ги слуша? Зошто музиката останува затворена зад врати и со влезница?
Нивната одлука Флере jа сумирал во една реченица: „Музиката насекаде и концерти никаде.” На 21 јуни 1982 година, денот на летниот солстис, Министерството испратило едноставен плакат низ Париз: играjте слободно во јавниот простор. Амбициозноста на планот била во тоа тоа дека немало организација, само покана.

Првото издание: хаотично, несигурно и победничко
Подготовката течела набрзина. Плакатите биле испратени доцна. Малку аматерски музичари се осмелиле да излезат на улица во тоа прво издание. Оние кои ја набљудувале сцената признале дека првото издание немало голем успех, бидејки малку аматерски музичари ризикувале да свират на улиците. Но многу Французи сепак излегле да слушаат.
Идејата преживеала и следната година бил поголема. Потоа уште поголема. До крајот на деведесеттите години, другите земји почнале да jа усвојуваат. Германија, Велика Британија, Грција, Индија, Бразил, Австралија… Денес Франција организира приближно 18.000 концерти на тоj ден, со проценет број посетители од 10 милиони. Тоа е нajголемиот културен настан во земjата, рамо до рамо со Европските денови на наследството.
Датумот: солстис и каламбур
Изборот на 21 јуни не бил случаен. Датумот го одбеле Жак Ланг за да се поклопи со летниот солстис, најдолгиот ден во годината во северната хемисфера. Дополнителното дневно светло ги прави надворешните настапи полесни и поатмосферични. Но постои и втора причина, специфично француска. На француски, „Фест де ла Мјузик” и „фезон де ла мизик” звучат идентично: „Fest de la Musique” и „Faisons de la Musique”, и двете се изговараат со ист тон. Во преводот, вториот значи „да правиме музика”. Денот не е само за слушање. Тoj е повик за правење.
120 земји: од Париз до Скопје
Идеjата за „Фест де ла Мјузик“ ја усвоиле земjи ширум светот и станала годишна точка на глобалниот календар. Денес тоj ден го слават во над 120 земjи и 700 градови. Американската верзиjа, наречена Make Music Day, е лансирана во Нjуjорк во 2007 година и денес опфаkа повеke од 100 американски градови. Во Индиjа денот се слави со настапи коj се протегаат од Болувод хитови до класична индиска музика. Во Германиjа, Велика Британиjа, Австралиjа и Jапониjа локалните изданиjа вклучуваат илjадници настапи на отворено.
Македониjа нема официjализирана национална прослава на Светскиот ден на музиката, но музичката сцена во земjата нема недостаток на таленти. Земjата со музичка традициjа jа знае вредноста на музиката во jавниот простор. Прашањето е само дали ке ja институционализира.

-Концептот „Музиката насекаде и концерти никаде” е токму тоа што ни е неопходно, да може сите луѓе да ја почуствуваат музиката, не таа што би си ја избрале да си ја пуштиме на радио во автомобил или на работа, изборите што ги правиме во нашето секојдневие… туку музика што може да не восхити, облагороди, а не сме ниту биле свесни дека би можела воопшто и да ни се допадне. Балет на отворено, оперска претстава во парк, концерт на џез бенд покрај Вардар, панк бенд на плоштад, анатерски и професионални музичари што ќе сакаат да споделат дел од својата душа со уличните минувачи. Создавањето и изведувањето на музика значи да го допрете срцето на тие што минуваат, што слушаат, да го почуствуваат трепетот на убавина што ја носи музиката и да им овозможите да застанат, да помислат на себе си и да уживаат – вели за Трн проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, композитор и продекан на Музичка академија на Универзитет Гоце Делчев – Штип.
Принципот: без хиерархиjа на жанрови
Она коjшто ја разликува Фест де ла Мизик од обичен фестивал е ставот кон музиката. Настанот е бесплатен, отворен за сите музичари, аматери и професионалци, за сите публики и ги вреднува сите музички жанрови. Без хиерархиjа на жанрови. Тоа значи дека на ист ден, на ист плоштад, може да свири џаз квартет, тинеjџер со гитара, старица со виолина и диjеj. Никој не е поважен. Ниту еден не е помалку вреден. Музиката е насекаде.
Кога музиката е на улица, таа станува дел од просторот. Слушателот не одлучил да дojде. Музиката дошла до него. Таа промена е суштинска: наместо публиката да ги бара уметниците, уметниците го бараат просторот каде публиката веќе е.
Жак Ланг, прашан во 1982 дали е работа на државата да организира вакви настани, одговорил: „Ние не организираме. Едноставно велиме дека секоj е слободен да ja покаже своjата радост за враќањето на летото.”