Мурал долг 120 метри долж ХЕЦ Пена инспириран од детски цртежи

Инспирација за приказната претставена на муралот, уметниците црпеа од цртежите кои ги изработија учениците од повеќе основни училишта во Тетово

Уметници во Тетово нацртаа мурал на 120 метри долгиот потпорен ѕид изграден за стабилизација на свлечиште во близина на ХЕЦ Пена.

Инспирација за приказната претставена на муралот, уметниците црпеа од цртежите кои ги изработија учениците од повеќе основни училишта во Тетово.

Ѕидот кој послужи како платно за приказната за засилување на отпорноста кон катастрофи во заедниците, е изработен во рамки на проектот за подобрување на отпорноста кон поплавите во Полог.

Муралот е дел од активностите со кои УНДП го одбележува меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи.

Уличната уметност уште еднаш го користи јавниот простор како средство за испраќање пораки за општествено важни прашања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни